Некои од најинтелигентите луѓе со најдобра смисла за хумор често користат сарказам кога зборуваат за себе и светот околу нив.

Ако вие сте мета на нивниот сарказам, треба да знаете дека (во најголемиот број случаи) тоа не значи дека не ве сакаат, туку напротив сакаат да ве вклучат во нивниот интелигентен хумор и внимаваат како ќе реагирате на тоа.
Ова се пет причини зошто ви требаат саркастични луѓе во животот, уште подобро кога се едни од вашите најдобри пријатели.
Директни се
Саркастичните луѓе кажуваат сѐ реално и директно и не чувствуваат потреба да ги разубават нештата пред да ги кажат или да ве подготват за да го „ублажат ударот“. Токму заради тоа знаете дека од нив секогаш ќе ја добивате само вистината, фактите и реалната ситуација. Можеби ова звучи грубо, но долгорочно повеќе ве штити тоа отколку која било „бела лага“ или „розови очила“.
Не се навредуваат лесно
На ист начин како што сакаат да ги кажуваат работите, исто така и ги примаат. Знаат да примат критика, ценат добар хумор и сакаат да развиваат конструктивни дискусии. Тоа значи дека не патат од големо его и не се навредуваат лесно. Тоа ви овозможува и вие да „вежбате“ да бидете директни со луѓето на вистинскиот начин.
Размислуваат неконвенционално
Една од нивните најголеми доблести е тоа што благодарение на реалниот поглед на нештата можат да дојдат до неконвенционални и креативни решенија за проблемите, а таквиот дух лесно го пренесуваат и на другите околу нив. Кој не би сакал пријател кој има поинакво решение за проблемите и предизвиците во животот?
Секогаш ви мислат најдобро
Тоа што се директни и отворени ви овозможува да знаете што точно ви мислат, што значи дека од нив не мора да се плашите дека ќе ве озборуваат или дека ќе ви забодат нож во грб. Исто така, ќе ви кажат отворено кога нешто не им се допаѓа или сметаат дека нешто правите погрешно и нема да ви дозволат да направите нешто што ќе ви наштети.
Одлични се за запознавање ново друштво
Саркастичните луѓе едноставно се смешни, забавни и вистински магнет за другите. Знаете дека оние кои ќе го разберат нивниот хумор ќе ви бидат добро друштво, а кога станува збор за запознавање потенцијален романтичен партнер, ако добро се согласуваат со саркастичниот пријател, на добар пат сте. Тие нема да ви сокријат ако сметаат дека некој не е добра прилика за вас и нивното друштво е одличен „филтер“ за непожелните „кандидати“.