Пет знаци дека партнерот веќе не ве сака

од desk2
1,2K прегледи

Здравата врска меѓу две личности се гради со години, а може да се уништи за само неколку секунди. Односите меѓу партнерите не може секогаш да се идеални, ќе се појави нешто да го уништи спокојството на мажот и жената, но тие мора да успеат да се изборат со проблемите и да не обрнуваат внимание на незначителни нешта. 

Ако се прашувате дали може да се потпрете на партнерот до вас, ако не знаете кога ќе се врати и се сомневате дека ве лаже, тогаш подобро да разговарате со него и да разјасните до каде сакате да стигнете заедно.

Постојат неколку знаци во однесувањето на партнерот, од кои може да познаете дали тој се уште ве сака и му значите. Тие се однесуваат и на жените и на мажите.

Помалку разговори 

На почетокот партнерите се неразделни. Тие поминуваат часови во разговор, но кога чувствата на едниот од нив ќе оладат, тогаш почнуваат да се оддалечуваат. Ако партнерот кога ќе се врати и си легне порано, почне да слуша музика или прави нешто друго, за да може да не комуницира со вас, тогаш тоа е знак дека не ве сака. Причината за молчењето може да е дека има друг / друга,  дека ви се налутил или едноставно размислува да се разделите, но не знае како да ви каже.

Расеаност

Недостаток на концентрација е знак дека вашиот партнер мисли на некој друг или има нешто што го загрижува во вашата врска.

Лични планови 

Љубовните двојки одат заедно на забави, настани или празници. Кога едниот од нив ќе почне почесто да излегува со колеги или пак ќе му се јави на другиот дека има работна вечера, тогаш веројатно бара нови начини за забава бидејќи му е досадно со вас. Ако се повеќе сте сами дома и го чекате, а тој си има свои планови, обавезно поразговарајте со него.

Обвинувања

Ако партнерот ве обвинува за сè, кога нешто не е во ред, тоа е знак дека не го почитува доволно вашето мислење и не е заинтересиран за вашата врска.

Нема гестови 

Жените се оние кои постојано бараат да им се покажува дека се сакани. Иако не сакаат да добиваат скапи подароци, мажите исто така имаат свои очекувања. Ако наутро не ја добиете вообичаената прегратка и бакнеж, ливчиња со пораки на фрижидерот или други изненадувања, со кои двојките ја покажуваат меѓусебната љубов, тогаш запрашајте се дали вашиот партнер ве почитува доволно.

Слични содржини