Петардата како „бомбаш самоубиец“ инспирација или порака?

од Vladimir Zorba
113 прегледи

 Полицијата засега не открива детали за „петардата самоубиец“ кој требаше да личи на бомбаш на Исламската држава. Нема информација кои му биле намерите, што сакал да предизвика и дали дејствувал сам или само пренесувал нечија туѓа порака.   Во моментов секаде низ светот има вистински бомбаши самоубијци кои  дејствуваат герилски по големите метрополи главно со автомобили газејќи цивили . За дел о  од нив се  вели дека се ментални луѓе инспирирани од актуелните бомбаши  џихадисти, дел се т.н „волци самотници“ исто така поведени од џихадистите или заспани ќелии кои во име на џихадот ги злоупотребува Исламска држава, а дел се чисти нејзини извршители повратници од сириските боишта или луќе кои биле во контакт со таквите. МВР засега не објавува информација  за арачиновецот откако експресно го совлада пред кривичниот суд во Скопје.

ПОтсетуваме дека настанот се случи околу 13:30 часот пред Врховниот суд во чии простории се изрекуваше пресудата за Диво Насеље беше уапсено лице кое се нафрли врз полицајците од обезбедувањето, а подоцна беше забележано дека околу стомакот има нешто што сличеше на појас полн со експлозив.

 Полицајците бргу го совладаа и утврдија дека станува збор за 57-годишен жител на Арачаиново. Појасот на стомакот навистина бил направен како експлозивен што го користат самоубијци-бомбаши. Но во него немало прачки експлозив, туку големи петарди поврзани со жица, покажала проверката на полицијата.

57-годишниот арачиновец првин се шетал околу Врховниот суд, потоа на снимателите од новинарските екипи им дофрли бегајте оттука. Па тргна кон полицијата.

Цело време десната рака ја држеше во џеб и така се втурна кон полицајците. Еден полицаец успеа да му ја извади раката од џеб и во неа тој држеше мобилен телефон.

Полицаецот веднаш му го одзеде мобилниот и го фрли во најблиската жардињера. Успешно беше совладан и однесен во полициско комбе.

По инцидентот е утврден идентитетот на лажниот бомбаш со петарди во „самоубиствениот“ појас. На лице место беа дојдени и високи полициски функционери.

Нема информации кое е лицето дали дејствувало само, или само пренесувало порака- најава дека следниот пат ке бидат некакви други акции, пореални , погласни или поубиствени .

Во моментов секаде низ светот  е случува т.н урбан тероризам каде лица инспирани од Исламската држава или нејзини извршители „бомбаши самоубијци“   дејствуваат герилски по големите метрополи главно со автомобили газејќи цивили

МИА изработи краток преглед на таквите напади во 2017