
Петиција на која 7.882 граѓани се потпишале против изградбата на панорамското тркало во Скопје е поднесена до градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски.
Петицијата, со која се бара запирање на изградбата на панорамското тркало, денеска се појави на социјалните мрежи, и ако што може да се види од документот, таа е поднесена и архивирана од службите на Град Скопје на 10 февруари, оваа година, односно вчера.
„Во име на 7.882 потписници на оваа петиција спроведена електронски во периодот од 23.12.2016 до 03.01.2017 година, Ви ја доставувам истата во знак на протест против одлуката заградење на Панорамско тркало во Скопје и барам, во името на сите загрижени граѓани да ја запрете изградбата на овој финансиски бесмислен и за градот и за жителите опасен проект“, стои во документот, потпишан од Горазд Смилевски, како подносител на петицијата до Град Скопје./META