Петков по изгласаната недоверба: Корупцијата и надворешните влијанија се споија

од Nikola Popovski

„Тоа беше најлогичното нешто да се направи денес. Задкулисните игри го покажаа своето лице“, изјави бугарскиот премиер во оставка Кирил Петков, откако беше изгласана недоверба на неговата влада.

„Всушност, ми беше јасно дека тоа ќе се случи. Делијан Пеевски дури денеска се појави за да притисне „против“. Она што денеска го видовме е дека има уште едно лице кое не се појавило, пратеник од Преродба, пратеник од Пловдив“, изјавил премиерот во заминување, но не сакал да го каже името.

„Овие две коалиции – корупцијата и надворешните влијанија се споија во едно и станаа коалиција зад сцената“.

„Направивме грешка во начинот на кој комунициравме со бугарскиот народ, но не отстапивме од ниту едно од ветувањата што ги дадовме“, додал тој.

Според Петков, нема ништо страшно во денешното гласање, бидејќи „освојувањето на државата не се случува наеднаш“.

„Мораме да преземеме низа чекори. Но, мора да стане јасно дека не можете да контролирате народ кој веќе се разбудил преку политичка манипулација“, истакнал Петков.

Слични содржини