Петличковски: Не е логично АстраЗенека да е помалку безбедна за лицата на возраст под 60 години

од Nikola Popovski

„Не е логично АстраЗенека да е помалку безбедна за лицата кои се на возраст под 60 години. Ова се некои статистички исечоци кои покажуваат некакво почесто случување на тие несакани ефекти. Но, реално кога сѐ ќе се сумира мислам дека повторно прашината ќе спласне и „АстраЗенека“ ќе си се врати во редот на безбедни вакцини“, изјави д-р Александар Петличковски, директорот на Центарот за имунобиологија и хумана генетика во гостувањето во дневникот на ТВ Сител, додавајќи дека и оваа вакцина ја става во иста безбедносна граница како и останатите.

Тој исто така рече дека оние пациенти кои ќе се вакцинираат немаат потреба да прават серолошки тестови за да проверат дали имаат антитела.

„Проверувањето на антителата, или дали биле 5 или 15 тоа не влијае на одлуката дали човек ќе се вакцинира или нема да се вакцинира. Значи, од научен аспект е важно да знаеме како организмот се однесува, колку имал антитела пред вакцината, колку имал после првата, колку после втората доза за да можеме да изградиме некаков пристап, некаков алгоритам и да кажеме после прва вакцина добиваме многу висока концентрација на антитела. Не мерлива, туку повисока концентрација отколку кај луѓе со две дози. Евентуално за потврдување на мината болест имав симптоми пред месец, шест месеци, тука ќе ни помогнат антителата. Дали се една или друга вредност, тоа не може и не треба да влијае на одлуката за вакцинација“, рече Петличковски.

Слични содржини