Петличковски: Тие кои прележале Ковид-19 можат да се вакцинираат, по препораките на СЗО тоа да не биде во првите три месеци

од Nikola Popovski
181 прегледи

„Тие кои прележале Ковид-19, може да се вакцинираат и по препораките на СЗО, вакцинацијата не треба да биде во првите 3 месеци откако сте ја прележале болеста“, вели д-р Александар Петличковски за емисијата „Студио 10“.

Според него, нашето Министерство за здравство препорачува луѓето кои го прележале Ковид-19 во последните 6 месеци, да не се вакцинираат.

„Тоа е препорака, а не обврска. Од луѓе кои ја поминале болеста и примиле вакцина антителата се над горната граница на мерењата. Луѓе кои поминале болест треба да се вакцинираат само со една доза, покажуваат истражувањата“, вели Петличковски.

Слични содржини