-Од самата појава на корона вирусот во нашата земја, целите на Владата предводена од СДСМ беа јасни. Да се помогне на што повеќе граѓани, да зачуваме што повеќе работни места, да ги поддржиме компаниите на нашите сограѓани но и да ги поставиме темелите за рестарт на нашата економија кога ќе заврши кризата, изајви денеска на прес- конференција, Коста Петров, потпретседател на СДСМ.
Тој вели дека помошта од 14.500 денари по вработен, обезбедена од Владата, заедно со Светска банка, значи спас на многу работни места но и сигурност во животите за време на корона кризата.
-За да може што повеќе фирми да аплицираат а со тоа и да се спасат многу повеќе работни места, обезбедена е флексибилност во условите за користење на мерките.Со оваа нова флексибилнот им помагаме на нашите сограѓани од најпогодените сектори од кризата како угостителството, туризмот и транспортот покрај 14.500 по вработен, да добијат поддршка и од 50% од придонесите за април и мај, изјави Петров.