Петровска: Праксата на блокирање на Собранието треба да заврши сега, мора да има дебати

од Nikola Popovski

„Мислам дека малку погрешно е сфатена улогата на пратениците, кој на кого му прави кворум во Собрание. Никој на никого не прави кворум. Сметам дека праксата на блокирање на Собранието треба да заврши во овие околности и сега, после постигнатиот договор меѓу Заев и Мицкоски“, вели пратеничката од СДСМ, Славјанка  Петровска за емисијата „Вин-вин“.

Таа верува дека се што ќе се случува во иднина, а опозицијата и власта нема да се сложат, да биде дебатирано во конструктивна дебата во Собранието.

„Ако таму се исцрпат сите инструменти на дебата, тогаш мислам нема да се доведеме во ситуација да мора да се свикуваат лидерски средби. Пратениците треба да бидат поактивни“, вели Петровска.

Слични содржини