Партиите ќе се напаѓаат меѓу себе, бидејќи се работи само за ротација која се очкува де се случи од лево кон десно, рече поранешниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Филип Петровски во емисијата „Само вистина“ на Канал 5.
„Ќе си се напаѓаат меѓу себе, се работи за ротација која некои очекуваат да се случи во лево или десно. Репрезентацијата нема да биде соодветна поради изборниот модел. И на лево и на десно е исто, ќе се штитат блиски до Заев или блиски до Мицкоски. Ако некого гони сега СЈО близок до Мицкоски, тој ќе го постави како пратеник и ќе му даде имунитет, нема да видиме правда“, рече Петровски.
Според лидерот на ГДУ, Петар Колев, следува вулгарна кампања.
„Очекувам вулгарна и сериозно валкана кампања. Во наредниот период ќе треба да се судрат само со вистината така да најверојатно ќе им се врати како бумеранг. За жал малку се збори за препораките на Прибе“, рече Колев.
За случајот „Рекет“, Петровски вели дека њ добра забава за народот веќе пет месеци.
„Нема голем ефект, не се експонираа политички имиња, не знаеме каде се парите и ташната, ми се чини дека малку ја ставија во обланда работава и гледаат да се излади. На крај мислам дека само Боки ќе биде дој што ќе го јаде калајот, можеби и малку Катица, која ќе биде помилувана. СЈО беше донесено од сите партии за да се расчисти со корупцијта, под притисок на странците“, рече тој.
Според Колев, приказната за рекетирање на Орце Камчев од страна на Бојан Јовановски е вреѓање на интелигенција.
„Дали некој во нашево општество верува дека најбогатиот Македонец Орце Камчев може да биде рекетиран од Боки Тредичи. Ако некој се обидува да ми ја продаде приказната дека Камчев може да подлегне на заканите на Бојан Јовановски, мислам дека се поигрува со мојата интелигенција. Се надевам дека обвинителството ќе разоткрие до крај. Општеството треба да знае дека судиите ги поставуваат ДУИ, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и ако очекуваат дека трите гарнитури ќе си ги отцепат рацете од правосудството ослободувајќи нивни судии, сметам дека длабоко се лажат. Овој систем на нашите правосудство е изграден од овие партии и тоа го чуваат и едните и другите, за кога ќе дојде денот да избегаат во Будимпешта, Грција и слично“, рече тој во емисијата „Само вистина“.