277
Петтиот пакет економски мерки е креиран за да обезбеди ревитализирање, стабилност и развој на економијата во услови на КОВИД-19, соопштија од Влада.
Оттаму велат дека мерките што се опфатени имаат за цел рестартирање на економијата и враќање на стапките на економски раст во интервал од 4-5% од пред настапување на кризата, и за директна поддршка на стопанството, компаниите, а со тоа и поддршка на граѓаните за подобрување на животниот стандард и работните услови.
Предлог мерките од Петтиот сет економски мерки се систематизирани во 4 главни столбови:
- Директна финансиска поддршка за компаниите со цел задржување на работните места на граѓаните кои работат во секторите кои се уште имаат последици од пандемијата.
- Финансиска поддршка на ликвидноста на граѓаните и приватниот сектор со цел задржување и/или зголемување на бројот на работниците како и процесот на заздравување на компаниите.
- Креирање на поповолно деловно опкружување (Системско редефинирање на царинскиот тарифник, намалување на други парафискални давачки и даночно олеснување и одложување кај неколку јавни давачки).
- Поддршка за граѓаните.
Петтиот сет мерки е проценет на 9,773,100,000 денари или 158,912,195 евра.