Петтиот сет мерки нуди помош во плати и бескаматни кредити

од Берта Китинска
189 прегледи

Петтиот пакет од околу 16-тина мерки ќе нуди опција за помош во плати или за грантирање односно со бескаматни кредити со можност од сумата 10-30 проценти да биде во форма на грантови за фирмите.Пакетот мерки треба да се финализира во текот на викендот по што Владата и официјално ќе објави предлозите за да може да се почне со оформување на соодветните правни акти за нивна реализација, најави премиерот Зоран Заев.

„Ќе имаме опционо нудење на оние големите пари во делот на директното помагање на компаниите заради зачувување на работните места, а тоа ќе бидат веројатно делот на плати за да може да го изберат граѓаните или да може да изберат бескаматни кредити со грантови коишто дефинитивно ќе им дадат можност да покрај првата опција доколку се профитабилни имаат обврска да ги враќаат средствата или дел да ги реинвестираат“, вели Заев.

Слични содржини