АНДРЕЈ РУБЉЕВ, петтиот тенисер во светот, објави дека е позитивен на коронавирус. Тој е последен во низата од оние кои се вратија заразени од егзибицискиот турнир во Абу Даби, а претходно со корона се заразија Рафаел Надал, Ема Радукану, Белинда Бенчиќ, Онс Џабеур и Денис Шаповалов.
„Моментално сум во Барселона и, за жал, имам позитивен тест за корона. Имам минимални симптоми. Во изолација сум и ги почитувам сите протоколи под надзор на лекар“,сподели Русот на своите фанови.
„Целосно сум вакциниран. Се подготвувам за АТП купот и Австралија опен. Сега треба да се опоравам и ќе одам во Мелбурн само кога ќе биде безбедно за сите. Многу сум вознемирен и загрижен за тоа што се случува. Грижете се за себе и за луѓето околу вас. Ќе се вратам на теренот што е можно поскоро“.
Рубљев денеска требаше да отпатува за Сиднеј каде имаше планиран настап на АТП купот за Русија.