Пиењето кафе може да ви помогне да изгубите тежина

од Radmila Tasevska

Диетата и вежбањето се во срцето на секоја успешна стратегија за слабеење, но според експертите, постои една тајна битна состојка со која сите сакаме да го започнеме денот.

Познато е дека кофеинот може да биде совршен придружник на вашиот пат кон добра линија, но колку кафе на ден навистина ви треба за да изгубите тежина?

Експертите советуваат од 200 до 400 mg, што би значело помеѓу две и пет шолји дневно, пренесува New York Post.

Сепак, за количината треба да се консултирате со вашиот лекар, во зависност од тоа дали на пример страдате од висок крвен притисок.

„Кофеинот има термогени ефекти и може да го забрза вашиот метаболизам, помагајќи ви да согорите повеќе калории“, велат експертите.

Кафето исто така може да го намали апетитот и да го намали чувството на глад.

Истражувањата покажуваат дека пиењето кафе пред оброк може да ги намали калориите што ги внесувате на следниот оброк, дури и ако пиете кафе до четири часа пред оброк. Исто така, содржи хлорогена киселина, за која е докажано дека го зголемува согорувањето на мастите и може да помогне во забавување на апсорпцијата на јаглехидратите.

Слични содржини