За прв пат во последните пет години, во Америка пораснала продажбата на сокот од портокал. Се чини дека тоа им влева надеж на луѓето дека токму овој сок е одлична одбрана од грип или настинка.

Доколку некогаш сте погледнале барем една реклама за здрав појадок, сигурно сте воочиле дека сокот од портокал најчесто е дел од него. Сепак, се чини дека можеби е подобро да го прескокнете.
Иако сигурно содржи процент на витамини во него, во само една чаша од отприлика 3 децилитри се наоѓа и голема количина на шеќери. Поточно, една чаша куповен сок од портокал содржи подеднакво количество на шеќери како и лименка газиран пијалак или ќесичка бонбони “M&M”.
Уште поважно од тоа е дека сокот од портокал ги отстранува повеќето влакна од организмот кои ве држат сити до следниот оброк. Тоа е една од причините зошто калориите од засладените пијалаци често ги нарекуваат и “празни” калории. Тие можат да влијаат на промените во расположението како и на ниското ниво на енергија.
Со тоа, доколку пиете куповен сок од портокал за да се одбраните од грипот и настинките, џабе се трудите.
Некои студии упатуваат и на тоа дека сокот може да предизвика повеќе штета отколку корист поради високиот удел на шеќерна фруктоза која може лошо да влијае на вашиот имунолошки систем.
Исто така, многу луѓе веруваат дека консумирањето на сок е добар начин за внес на витамин Ц. Иако витаминот Ц општо е корисен за вашето здравје, студиите откриваат дека тој нема да ја спречи или излечи настинката. Освен тоа, доколку сакате да го зголемите внесот на витамин Ц, консумирајте други намирници кои го содржат многу повеќе отколку портокалите, како што се на пример црвената пиперка, кељот и брокулата.
Но, во борбата со настинката поголема корист има организмот од цинк отколку од витамин Ц. Цинкот го скратува траењето на настинката и ги ублажува симптомите.