Во сезоната на грипот и настинките имаме потреба од брз и ефикасен лек, кој ќе ни помогне при постојана кашлица. Сирупот за кашлица, некои билки, можат да го олеснат товарот во градите, да помогнат за олеснувањето и подобрувањето на дишењето, но не смееме да заборавиме и за домашните лекови.
Денес споделуваме еден испробан еликсир кој докажано има позитивен ефект и кај сува и при влажна кашлица. Ќе ви бидат потребни 50-60 мл виски, сокот од половина лимон, 1 лажичка мед и 50-100 мл вода, ако пијалокот ви е многу силен.
Во чинија или касерола комбинирајте го сокот од лимон и вискито (и водата, ако додадете и од неа). Потоа загрејте ги малку на шпоретот или во микробранова печка за 30-40 секунди.
Конечно додадете го медот и добро промешајте. Пијте го овој пијалок пријатно топол по 1-2 пати на ден.