
Францускиот дипломат Станислас Јубер, кој е одговорен за европската соработка во амбасадата, испокрши шест автомобили во центарот на хрватската престолнина Загреб. Дипломатот возел пијан во густ сообраќај, кога прво удрил три автомобили, по што завртел, удрил уште една и повторно тргнал во спротивна насока и удрил уште две возила. При пристигнувањето на полицијата Јубер веднаш ги предал клучевите од колата, но беше неопходно да биде однесен на носилка, бидејќи бил многу пијан. Според хрватското МВР Францускиот дипломат не бил подложен на алкохолна проба, бидејќи има дипломатски имунитет.