Пике никогаш не ѝ бил верен на Шакира: Ја изневерил по две години врска, а еве со кого

од Stefanija Kuzmanovska

Пејачката Шакира и Жерар Пике беа заедно повеќе од една деценија, а сега полека почнува да излегува на површина целата прељуба на фудбалерот.

Според папарацото Џорди Мартин, Пике ѝ бил неверен на пејачката речиси од почетокот на нивната врска.

Според странските медиуми, фудбалерот наводно имал афера со Бар Рафаели, позната израелска манекенка, во 2012 година, а Шакира и Пике во тоа време веќе биле во врска две години.

– Пред неколку дена разговарав со мојата блиска пријателка Бар Рафаели, која исто така ми е долги години пријателка, а таа ми потврди дека аферата била причина за нејзините чести посети на Барселона – изјави Мартин, посочувајќи дека се обидел на секој начин да ѝ го каже тоа на пејачката:

– Оваа информација ја споделив со Шакира преку нејзино доверливо лице и таа беше запрепастена – рече тој.

Мартин вели дека открил нови детали кои сакал да ги сподели со пејачката.

– Помеѓу 30 јуни и 6 јули минатата година Пике отпатува во Монако со друго лице. И ѝ го дадов тоа до знаење. Шакира добива многу нови информации за кои воопшто не била свесна – откри познатиот папарацо.

Приказните за неверството на Пике не се ништо ново и кружат со години. Медиумите го поврзуваа и со бразилската манекенка Сузи Кортез, скопската старлета Драгана Спасовски, мајка на неговиот соиграч Пабло Гави.

Фудбалерот моментално е во врска со студентката Клара Чиа Марти, а неодамна се закани дека ќе ги тужи медиумите поради ширење неосновани гласини за неговиот живот.

Слични содржини