Стоперот на Барселона Жерард Пике вели дека ќе се прости од националниот дрес на Шпанија пред Светското првенство во Русија во 2018 година, ако неговата поддршка на референдумот за независност на Каталонија се смета за проблем.

Тој во разговор за медиумите по победата над Лас Палмас со 3:0 пред празни трибини на Камп Ноу рече дека е подготвен за чекор назад и да ја напушти репрезентацијата пред Светското.
„Мислам дека можам да продолжам. Но, доколку челниците мислат дека сум проблем, ќе направам чекор назад и ќе ја напуштам репрезентацијата пред 2018 година. Во Шпанија има многу луѓе кои не се сложуваат со она што се случи во неделата и кои веруваат во демократијата“, вели Пике.
По победата против Лас Палмас, Пике рече дека играчите барале натпреварот да се игра и додаде дека е горд на сите Каталонци.
„Одборот се обиде да го суспендира натпреварот, но тоа не беше можно. Разговаравме и се договоривме да играме. Јас сум Каталонец и се чуствувам каталонси, повеќе од кога било. Горд сум на луѓето од Kаталонија, а гласањето е право кое мора да се штити“, вели Пике.
На крај, фудбалерот на Барселона рече дека забраната на референдумот уште повеќе ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија.
„Не можев да верувам. Мислев дека ќе се обидат да го забранат гласањето, но мило ми е што сиот свет можеше да види за што се работи. Оваа одлука е една од најлошите во последните 40, 5 години и само ќе го наруши односот меѓу Шпанија и Каталонија“, рече Пике.