Пике веќе најде нова љубов: Ја замени Шакира со 12 години помлада студентка

од Stefanija Kuzmanovska

Фудбалерот Жерар Пике наводно по раскинувањето со Шакира брзо нашол нова љубов, а моментално е во врска со 12 години помладата студентка Клара Марти.

Како што пренесуваат странските медиуми, Клара работи за Пике, а извори блиски до парот велат дека тие се гледаат веќе некое време.

Засега не е познато дали нивната романса започнала пред или по раскинувањето со пејачката.

Студентката наводно го запознала фудбалерот додека работела на настани во неговата продукциска куќа „Космос“.

„Тие молчеа за нивната врска, но сите околу нив знаат што се случува. Луѓето им помогнаа да ја задржат својата романса во тајност и ги избришаа профилите на Клара на социјалните мрежи за никој да не ги најде нејзините фотографии“, вели извор близок на фудбалерот.

Да потсетиме, веста за раскинувањето на Пике и Шакира, кои заедно имаат два сина, беше објавена во јуни. Фудбалерот наводно ја изневерил пејачката со мистериозна русокоса, а Шакира не сакала да му прости.

Слични содржини