Пике за прв пат по раскинувањето со Шакира: Луѓето не знаат ни десет проценти од вистината

од Nikola Popovski

Познатата двојка Пике и Шакира се разделија минатото лето по 12 години врска. Оттогаш пејачката започна одмазда со помош на музиката, откако се дознало дека поранешниот фудбалер на Барселона ја изневерил.

И додека фановите на Шакира секојдневно го осудуваа прељубничкиот потег на пензионираниот фудбалер, Пике не сакаше да дава посебни коментари.

Сега првпат проговори за се што се случило. Во разговор со Жорди Басте на каталонската радио станица „Rac1“, Шпанецот размислувал за се што се случило со колумбиската пејачка.

„Доколку се грижев за сè што се зборува за мене, би бил затворен во мојот стан во моментов или би скокнал од него“, откри Пике.

„Луѓето не знаат десет проценти од она што навистина се случи“, додал тој.

Екс-фудбалерот исто така изјавил дека сега не размислува за ништо друго освен за врската со сегашната партнерка Клара Чиа, за неговите професионални интереси и чување на приватниот живот.

На крајот се што се случило по разделбата со Шакир го опиша како „циркус“, иако вели дека е свесен дека тоа е дел од неговиот живот бидејќи е јавна личност.

Слични содржини