Повеќе пилоти пријавија необични појави на небото над Ирска, а истрага за НЛО е во тек.

Во Ирска покрената е истрага за неидентификувани летечки објекти кои ги пријавиле неколку пилоти на 9 ноември околу седум часот утрото. Една жена пилот на летот од канадски Монтреал кој лондонски „Хитроу“ воочила светлечки објекти кои се движеле со голема брзина.
Објектите ги забележала над ирскиот брег па ја контактирала контролата на летање за да провери дали се работи за воени вежби, пренесе BBC. Тврди дека станува збор за силно осветлени објекти кои со голема брзина се оддалечиле кон север.
Во разговорот се приклучил пилот кој тврди дека можеби се рбаоти за метеор или други објекти кои влегле во атмосферата и рекол дека и сам видел неколку објекти што се движат со голема брзина и многу светат.
Друг пилот рекол дека брзината на објектите била астрономска, два пати побрза од брзината на звукот, а уште еден пилот вели дека видел сјајни објекти кои изненадно се вивнале во возхух со неверојатна брзина.
Случајот поради бројните пријави привлече внимание, па покрената е истрага, а портпаролот на аеродромот „Шанон“, која ги примила пријавите, вели дека нема да коментираат ништо додека трае истрагата.