Пингвините немаат вкус за слатко, открија научниците

од Vladimir Zorba
113 прегледи

Ако некако на еден пингвин му дадете вкусен чоколаден сладолед, тој нема да го почувствува задоволството што ние го имаме при јадењто сладолед, пишува Slashgear.

Причината е дека сите пингвини, без разлика на нивниот вид, пол и други особености, очигледно немаат никакви сензори за вкус на слатко.
Ова го утврдија научници, според кои гордите жители исто такаа не можат да препознаат што е горко.

Излегува дека во времето на миграција поради ладната клима при нивната еволуција ги довела овие животни да сега имаат ваква форма односно состојба. Пингвините го изгубиле својот вкус за неколку видови храна.

 

До овој заклучок дошле научниците од Универзитетот во Мичиген, кои испитувале неколку видови пингвини, меѓу кои и царскиот.
“Овие заклучоци се изненадувачки и збунувачки, но веќе имаме некои идеи зошто се добило така”, вели Џорџ Јанг од тимот што ја спровеле студијата.