Пингвините немаат вкус за слатко, откриле научниците

од desk4
127 прегледи

Ако на пингвин некако му дадете вкусен чоколаден сладолед, тој нема да го оцени задоволството, пишува Slashgear.

Причината е во тоа што сите пингвини, без оглед на нивниот тип, пол и други особености, очигледно немаат вкус за слатко.

Научниците открија дека гордите жители на Јужниот пол не можат да вкусат и горчлива храна.

Излегува дека при сегашната миграција кон постудена клима и нивната еволуција во нивната сегашна состојба, пингвините го изгубиле вкусот за неколку видови на храна.

Бидејќи слаткото не е вкус кој ќе се сретне на толку ладни места, пингвините едноставно немаат потреба од гени за да им помогнат да го разберат овој вкус. До овој заклучок доаѓаат научниците од Универзитетот во Мичиген, кои проучувале неколку видови на пингвини, вклучувајќи го и Империјал.

Овие наоди се изненадувачки и збунувачки, но веќе имаме некои идеи за тоа зошто се случило ова, рече Џорџ Јанг од тимот кој ја спроведе студијата.