Пировска: Видеото за тепаното девојче од Штип, ја рабуди јавноста која што нема свест дека вакви работи се случуваат

од Берта Китинска

Ние укажавме дека не треба да се шири тоа видео (тепањето на девојче). Но луѓето во голем дел не знаат што значи двојната виктимизација. Многу често се случува во вакви случаи жртвата да биде осудена во средината каде што живее, изјави за „Утрински брифинг“ за „Слободна ТВ“, извршниот директор на Хелсиншкиот комитет, Уранија Пировска.

Вонредната состојба може да доведе до зголемен број случаи на семејно насилство, а жртвите бидејќи немаат доверба во институциите, не ги пријавуваат случаите.Во врска со видеото за тепаното девојче од Штип, важно е како ќе постапи обвинителството, за да во иднина и други жртви се охрабрат да ги пријавуваат случаите.

Ова видео како да ја рабуди јавноста која што нема свест дека вакви работи се случуваат. Ние кои што работиме на оваа проблематика сме сведоци на случаи каде што жртвите на почеток може и да пријават, но во текот на постапката да се повлечат. Сега е многу важно како ќе постапи Обвинителството, како ќе се гонат лицата, со цел да жртвите кои молчат а се дел од такво насилство да се охрабрат и во наредниот период да го пријавуваат ваквото насилство, изјави Пировска.

Слични содржини