На редовните локални избори што треба да се одржат во мај, бројот на гласачи ќе биде поголем за триесетина илјади. На Избирачкиот список повторно ќе се запишат гласачите кои беа избришани пред парламентарните избори во декември.

ДИК оцени дека вкупно 30.477 гласачи се спорни и дека не треба да гласаат за парламентарните избори, како резултат на вкрстените и теренските проверки кои покажале нерегуларности во документацијата или дека тие лица воопшто не постојат.

Постапката ја спроведе ДИК по неколкумесечните административни и теренски проверки а а јавните повици се одзваа само десетина илјади граѓани со „спорни записи“, додека другите останаа како „фантомски“. Партиите се договорија, а Собранието изгласа ова да важи само за предвремените избори во 2016-та, а не и за наредните изборни циклуси. Значи сега тоа што беше БРИШИ станува заПИШИ

Одредбите од Избирачкиот законик предвивуваат овие лица да бидат вратени на списокот гласачи и да имаат право на глас.

Изборите треба да се одржат во првата половина од мај, но се уште е неизвесно, затоа што не е формирана Влада. Директни подготовки за локални избори не можат да почнат пред да бидат распишани. Претседателот на Собранието треба да ги распише локалните избори. За да се одржат на 14ти мај тоа значи дека треба да бидат распишани на 5 март, а за да се одржат на 7 мај, истите треба да бидат распишани за помалку од недела дена.

До колку изборите не се одржат или се пролонгираат, станува неизвесно функционирањето на локалните власти, со оглед дека законот не предвидува продолжување на мандатите на градоначалниците и советите.

 

Слични содржини