Уште еден човек ќе добие мозочен имплант на Неуралинк

од Milan1

Компанијата „Неуралинк“ (Neuralink) доби дозвола хируршки да вгради уште еден од своите импланти во мозокот на пациентот. Волстрит журнал известува дека Неуралинк се движи кон друга процедура неколку месеци откако Ноланд Арбо стана првиот човек кој доби мозочен имплант.

Илон Маск, првиот човек на „Неуралинк“ минатата недела изјави дека компанијата „прифаќа апликации за вториот учесник“ од експерименталната програма. Почна да прифаќа потенцијални учесници минатата година за своето прво клиничко испитување, со цел да ја донесе технологијата кај луѓето со амиотрофична латерална склероза (АЛС), повреди на ‘рбетниот мозок и други состојби кои предизвикуваат квадриплегија.

Компанијата излезе со решение за проблемот поради кој имплантот на Арбо не функционираше еден месец по неговата операција. Компанијата неодамна соопшти дека некои нишки од имплантот „се повлекле од мозокот“ и дека тоа го предизвикало проблемот. Арбау неодамна изјави за Блумберг дека надградбите на софтверот ги вратиле повеќето од можностите.„Неуралинк“ сподели снимка од Арбо, кој е парализиран од вратот надолу, како игра шах, контролира музичка апликација и врши други активности.

Во друга процедура, компанијата планира да постави низа импланти подлабоко во мозокот на пациентот за да ги спречи да се движат исто како и Арбо. Целта е втората операција да се изврши во јуни, а се пријавиле повеќе од 1.000 луѓе.

Слични содржини