Пишувањето дневник после разводот може да го подобри здравјето на срцето и да ја зголеми способноста на прилагодување на нови животни ситуации. Пишувањето раскази за врската и разводот на структуриран начин му овозможува на писателот да ги помине тие чувства на физиолошки прилагодлив начин.

-Оваа структура може да им помогне на луѓето да стекнат разбирање за своето лошо искуство па им помага да тргнат понатаму, наместо постојано одново да ги проживуваат истите негативни емоции-открил водителот на истражувањето Kyle Bourassa од Универзитетот во Аризона. Истражувачите направиле примерок од 109 луѓе кои во изминатите 3 месеци поминале развод. Ги поделиле во три групи.
Првата група добила задача да пишува емотивно за разводот и сите чувства и искуства кои ги проживеале.
Втората група добила задача да ја раскаже својата приказна изразувајќи ги своите емоции на начин да прераскажуваат се што се случило на почетокот, средината и крајот.
Третата група требала да пишува за своите секојдневни активности без било какви емоции. Учесниците на истражувањето морале постојано три дена да пишуваат во зададениот стил по 20 мин.
Пред почетокот на тридневната задача научниците ја тестирале психичката и физичката состојба на сите испитаници. Исто така дополнително ја тестирале нивната состојба. Осум месеци после решавањето на задачата, на едно од дополнителните тестирања, научниците увиделе дека луѓето од другата група, кои морале да ја пишуваат приказната од почетокот, средината и на крајот на својата врска, имале понизок притисок од другите две групи. Тие исто така имале поголема варијабилност на отчукувањетто на срцето, што се однесува на варијацијата на времето помеѓу отчукувањата на срцето и ја одразува способноста телото да се прилагоди на своето опкружување.
Резултатите од истражувањето ќе бидат објавени во американскиот научен часопис Psychosomatic Medicine. Ова истражување ќе придонесе на се поголемиот број на истражувањата за разводот и здравјето, кои се занимаваат со значајните последици од разводот на психичката и здравствената состојба на луѓето. Способноста да се напише структурирана приказна им овозможува на луѓето длабоко да процесуираат се што се случило , чувствата врзани за тие настани и да го пронајдат нивното значење.објаснува Bourassa.
– Деталните упатства кои им се дадени на испитаниците можат да се искористат како патоказ на луѓето кои поминуваат тешки разводи. Структурата и насоченоста може на луѓето да им даде нов увид во целата ситуација и на тој начин да им помогне да се носат со новата животна ситуација. Полесно ќе им биде да тргнат напред, наместо постојано одново да ги проживуваат истите негативни емоции заклучува Bourassa.