Пица од стар леб

од Stefanija Kuzmanovska
309 прегледи

Состојки:

1 леб

150 мл млеко

150 мл кисела вода

4 лажици кечап

200 гр шунка

2 свежи колбасици

1/2 црвена пиперка

200 гр кашкавал

1 лажичка оригано

1 лажичка сув зачин

10 маслинки без семки

Подготовка:

Лебот исечкајте го на коцки дебели колку прст. Колбасиците пропржете ги на малку масло.

Измешајте го млекото со кисела вода, па половина од оваа смеса истурете ја во тепсија подмачкана со масло и наредете ги кришките леб.

Посипете со остатокот од млекото и водата, па оставете го да отстои неколку минути додека лебот малку да омекне. Измешајте кечап со оригано и суви зачини, па премачкајте го врз лебот.

Измешајте ја сечканата шунка, пржената колбасица, биберот исечкан на коцки и маслинките и ставете ги на лебот.

Одозгора ставете рендан кашкавал.

Се пече на 180 степени додека кашкавалот се растопи и порумени.

Слични содржини