Пивоваров: Преминувањето на границата на кобниот автобус е снимено

од Берта Китинска

Спроведена е истрагата во Царина и суспендирани се двајца цариници. Не е оправдување тоа што имало гужва на граница. Преминувањето на границата на кобниот автобус е снимено.Во издавањето интербус дозволи преку ИПА2 требаше да имаме интегриран компјутерски систем за сите возила, но средствата беа повлечени затоа што не беа искористени и беа пренаменети за лаборатории на крим-техника во МВР. Преку база на податоци веднаш ќе можеше да се знае дали е валиден документот на возилото, вели за Утрински брифинг Владимир Пивоваров, национален координатор за гранично управување.

-Не велам дека возилото имало фалсификуван документ или нешто такво. Сега сѐ е во сферата на шпекулации. Професионалноста треба да биде во преден план, а не рутината. Треба да се проверат патниците во автобусите, не по бројка туку по лични документи, додава Пивоваров.

По овој случај повторно се разгореа шпекулации за корупција.

-Кога ќе извадите лиценца за возило, влегувате во даночниот систем. Ако имате смешна цена за патување зарем не се прашувате како е тоа можно? Ако ви понудат ниска цена, нешто не е во ред. Оној кој работи легално поминува низ повеќе технички прегледи и има повеќе трошоци, вели Пивоваров.

Тој додава дека во вакви ситуации на немање документи, цариниците треба да го тргнат возилото на страна и инспекторатот изрекува казна.

Слични содржини