Планира да се лансира кон небото за да докаже дека Земјата е рамна

од desk2
107 прегледи

Човек кој верува дека Земјата е рамна плоча планира да се лансира себеси 550 метри во калифорниското небо над пусината Мохаве, за делумно да докаже дека е во право.

Возачот на лимузина Мајк Хјуџс (61), направи ракета во која вложил 20.000 долари и која треба да го лансира кон небото со брзина од 800 км/ч, од каде ќе се спушти со падобран.

Проектот го спонзорираше група која се занимава со собирање докази дека Земјата е рамна. За жал, неговото лансирање не е доволно високо за да направи фотографии дека Земјата навистина е рамна, но тоа е она што секако планираат да го направат во иднина.

Затоа, тој и друштвото планираат да направат „rockoon“–ракета која ќе биде лансирана дури откако ќе достигне одредена височина во балон и која ќе го однесе на височина од 109 километри.

„Не верувам во науката. Разбирам аеродинамика и начинот на кој работите се движат низ воздухот. Но, тоа не е наука, туку обична формула. Нема разлика меѓу науката и научната фантастика“, вели тој за АП.