Платил 28 милиони долари за вселенски лет со Безос

од Vladimir Zorba

МЕСТО во ракетата на милијардерот Џеф Безос беше продадено на аукција во саботата за 28 милиони американски долари, со што заврши еднодневната понуда за вселенско патување со Blue Origin следниот месец.

Идентитетот на лицето кое ја платило таа сума не е соопштено.

Наддавањето заврши седум минути по почетокот на аукцијата, што се одржа по телефон.

Ракетата New Shepard ќе биде лансирана на 20 јули во Тексас.

Тоа ќе биде пресвртница во напорите на американските компании да започнат нова ера на приватни комерцијални патувања во вселената.

Основачот и директор на Blue Origin и Amazon, Џеф Безос, најбогатиот човек на светот и долгогодишен вљубеник во вселената, се натпреварува со милијардерите Ричард Бренсон и Елон Маск за прв пат да патуваат во вселената

„Гледањето на Земјата од вселената ве менува. Го менува вашиот однос со оваа планета, со човештвото“, рече Безос во видео порака пред аукцијата, додавајќи дека на патувањето ќе го придружува неговиот брат Марк.

Парите собрани преку аукцијата се наменети за добротворни цели, но Blue Origin се надева дека ќе им даде поттик на плановите за развој на видот на туризам што може да донесе 3 милијарди долари годишно до 2030 година, според проценките на УБС.

Слични содржини