Плински уред избувнал во стан скопски Карпош 4

од Vladimir Zorba

Пожар предизвикан од плински уред попладнево избувнал во стан на улицата „Разловечко востание“ во Карпош 4.

Повредени лица нема, причинета е материјална штета.

Командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје, Звонко Томески информира дека пожарот е изгаснат и дека на терен биле испратени три возила и осум пожарникари.

Слични содржини