По 10.000 денари за пожарникарите од Скопје што учествуваат во гаснењето на огнената стихија

од Nikola Popovski

Град Скопје попладнево соопшти дека ќе им додели парични награди од 10.000 денари на 194 пожарникари коишто се дел од 3 екипи што со 3 возила на Противпожарната бригада на Градот, придружувани со 3 цистерни вода, учествуваат во гаснењето на пожарите што ја зафатија РС Македонија.

-Паричните награди им се доделуваат заради нивниот вонреден ангажман во гаснењето на пожарите и вон територијата на Град Скопје, односно нивната пожртвуваност да им помогнат на жителите и на сите други учесници во гаснењето на огнената стихија што ги зафати Старо Нагоричане, Кочани и Пехчево. За да овозможи што подобри и побезбедни услови за работа на пожарникарите Градот Скопје континуирано вложува во човечкиот, но и во преостанатиот инфраструктурен потенцијал како нова, модерна и побезбедна опрема и возила за Противпожарната бригада, информираа од Градот.

Претходно градоначалникот Петре Шилегов информираше дека дел од скопските пожарникари се упатија кон беровско-пехчевскиот пожар, за да се воспостави контрола.

Слични содржини