По 11 часа судење, московскиот суд не донесе пресуда за Навални

од Stefanija Kuzmanovska

Дури и по 11 часа судење, московскиот суд не донесе пресуда за опозиционерот Алексеј Навални во петокот.

По втор пат, тој одговараше на обвинението зошто го навредуваше ветеранот Игњат Артјоменко, кој минатата година во ТВ-спот ја поддржа промената на уставот што му овозможува на претседателот Путин да учествува на претседателските избори дури и по 2024 година. Третото продолжение на политичкото шоу на Алексеј Навални ќе биде на 16 февруари во 10 часот, пренесоа „Новости“.

Навални наместо да му се извини на ветеранот и да се повлече тужбата, се обиде да го исмее ветеранот, сведоците и судијата и обвинителот.

Навални во петокот се обиде да направи шоу во судницата, па затоа судијата го прекина рочиштето и побара од адвокатот да го вразуми својот клиент. Тој дури бил предупредуван 13 пати.

Додека обвинителот ги читаше сите кривични дела на Навални, обвинетиот го предупреди обвинителот да не ги лиже прстите со кои ги врти страниците хартија пред него.

На крајот на судењето во петокот вечерта во 20 часот и 40 минути, судијата го праша Навални дали има некое хронично заболување. Навални одговори дека смета дека има хронично заболување и дека не му се допаѓа судот во Бабушкин каде што се водел процесот.

 

Слични содржини