По 14 дена блокада, студентите се повлекуваат: Почна нов избор за Советот на РЕМ

од Марта Пешевска
64 прегледи

Студентите кои ја организираа блокадата на Радио-телевизија Србија (РТС) објавија на социјалните мрежи дека ја завршуваат акцијата, откако денес беше објавен нов конкурс за избор на членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми (РЕМ).

„Објавен е нов конкурс за Советот на РЕМ. Со тоа, блокадата на РТС е завршена, по 14 дена. Ќебапчилницата е повторно отворена“, објавија студентите од Факултетот за драмски уметности на социјалната мрежа Х.

Денес, во српскиот парламент беше изгласана Одлуката за започнување на постапка за предлагање кандидати за членови на Советот на РЕМ. Од 16 присутни пратеници, сите 16 гласаа за поништување на претходната постапка и за распишување нов конкурс.

Да потсетиме, студентите во Србија со месеци организираа блокади на универзитетите низ целата земја, барајќи одговорност за трагедијата во Нови Сад, каде што при уривање на кровна конструкција загинаа 16 лица. Едно од нивните клучни барања беше или објавување нов конкурс за членови на Советот на РЕМ или затворање на јавните медиумски сервиси.

Пред денешната седница, претседателката на српскиот парламент, Ана Брнабиќ, изјави дека, поради настаните во Нови Сад, објавувањето на конкурсот е под „голем знак прашалник“. Со објавувањето на новиот конкурс, едно од главните студентски барања е исполнето, а блокадата на РТС е официјално прекината.

Слични содржини