Актуелно
Почетна / Актуелно / По 17 години, во Демир Капија повторно се организира натпревар во кајак на диви води

По 17 години, во Демир Капија повторно се организира натпревар во кајак на диви води

По пауза од 17 години, возобновениот ККК „Просек” Демир Капија во соработка  со општината  Демир Капија и Кајакарската Федерација, организира отворен Куп во кајак на диви води – слалом.

Настанот ќе се реализира на 25 септември, а задоволство од враќањето на традицијата крај железната порта, со цел  промовирање на демиркаписките природни богатства како реката Вардар, но и спортот како здрав начин на живот, изрази и градоначалникот Лазар Петров.

– На ова првенство ќе имаме можност да гледаме голем број на кајакари од Македонија и од соседните држави. Доделувањето на наградите ќе биде во центарот на Демир Капија. Очекуваме голем број на гости од земјава и странство, да ја почувствуваат демиркаписката гостопримливост. Впрочем, за неа говори и зголемениот број на туристи во Демир Капија, за МИА нагласи градоначалникот.

Тој потсети дека општината со која раководи отсекогаш имала кајакарски потенцијал, а кајакарството како љубов се пренесува од генерации на генерации.

loading...