По 25 години повторно се воведува авионска линија Скопје – Москва

од Andreja Salpe

По пауза од 25 години, повторно се воведува директна авионска линија Скопје – Москва.

Руската авиокомпанија “Nordwind Airlines” од 21 мај ќе започне со директни летови на релација Москва (аеродром Шереметјево) – Скопје. Летовите ќе бидат еднаш неделно, секој петок, а летот ќе трае 3 часа и 25 минути. На оваа релација ќе се лета со авион од типот Боинг 737-800, со 189 седишта.

Слични содржини