По 61-часовниот полициски, контејнерите низ Скопје преполни со ѓубре

од Берта Китинска
337 прегледи

По долгиот полициски час, населбата низ градот се полна со ѓубре.За тоа доказ се и фотографиите кои се споделуваат на социјалните мрежи.

Јавното претпријатие „Комунална хигиена“ од денеска ѓубрето од контејнерите во Скопје ќе го собира до 21 часот. Од средата, кога беше воведен полициски час од 16 до 5 часот наутро, ѓубрето се собираше само во една смена.

Директорот на „Комунална хигиена“ Абдусамед Шабани во средата рече дека ќе работат само до 16 часот, бидејќи не добиле дозвола од Министерството за информатичко општество и администрација да работат додека трае полицискиот час. Поради тоа, контејнерите низ Скопје беа преполни со ѓубре, а бидејќи во нив немаше место, расфрлани кеси имаше на тротоарите и улиците околу нив.

Слични содржини