По алармантниот број новозаболени, ќе ги прифати ли Владата новите мерки?

од Берта Китинска
385 прегледи

Во очекување на евентуално нови рестриктивни мерки, граѓаните го искористија  можеби последниот викенд без маски на отворено.

Членовите на Комисијата за заразни болести утрово се на состанок во Владата и разговараат за новите мерки, кои Комисијата ги предложи во петокот.

Комисијата за заразни болести, како што во петокот на Фејсбук најави министерот за здравство Венко Филипче, денеска би можело доколку е потребно, да и предложи на Владата дополнителен пакет мерки. Меѓу другото, можно е да биде предложено „целосна забрана за сите настани“ и „крај на работното време на сите економски оператори во 23 часот“  „Преполовување на капацитетите во јавниот превоз“, напиша Филипче.

Предлог-мерките за заштита од Ковид-19, како што е задолжително носење маски на отворено, забрането групирање по 22 часот на јавни места за повеќе од четворица и забрана за поголеми семејни собири се веќе доставени во Собранието.

Според извештајот на Министерството за здравство, вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 23628, а оздравени се вкупно 17239 пациенти. Починати се 834 лица, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 5555.

Слични содржини