По едно дете е убиено на секои 15 минути во израелското бомбардирање на Газа

од Stefanija Kuzmanovska

По едно дете е убиено на секои 15 минути во израелското бомбардирање на Газа, според палестинска невладина организација, која исто така ја нагласи штетата што актуелната војна им ја нанесе на децата кои преживеале, пренесува „Ал Џезира“.

„Сведоци сме на геноцид во реално време“, рече портпаролот на организацијата.

Најмалку 14 деца, наводно, има и меѓу 1.400-те израелски жртви на нападот на Хамас на 7 октомври. Околу 200 луѓе кои се заробени од Хамас вклучуваат и деца. Израел не објави податоци за демографијата на сите загинати во нападот.

УНИЦЕФ денеска го осуди „неверојатниот“ број на деца жртви во Газа, кој сега се искачи на речиси 3.000.

„Ситуацијата во Појасот Газа е се поголема дамка на нашата колективна совест. Стапката на смртност и повреди на децата е едноставно запрепастувачка“, рече Адел Ходр, регионален директор на УНИЦЕФ за Блискиот Исток и Северна Африка.

 

„Уште пострашен е фактот дека дневниот број на жртви ќе продолжи да расте доколку не се намалат тензиите и не се дозволи хуманитарна помош, вклучувајќи храна, вода, медицински материјали и гориво“, додаде таа.

Слични содржини