Според неколку новинари во САД, кои се запознаени со случувањата во НБА, Каваи Ленард побарал трејд од Сан Антонио, и тоа го предизвика бесот на навивачите на „спарси“.

Yahoo Sports објави слика каде што еден од поддржувачите пали дрес на Ленард, но тоа сигурно не е изолиран случај.
Нешто слично му се случи на Кевин Дурант кога премина од Тандерс во Вориорс, а за нова дестинација на Ленард се споменуваат неколку тимови – најгласните зборуваат за Лејкерс, но во игра се Никс, Клиперс, Бостон …
https://twitter.com/twitter/statuses/1007744783404752898
Крилот на Спарс има договор до крајот на сезоната 2019/2020. а следната ќе заработи 18.868.625 долари.
По сезона во која тој одигра само девет натпревари поради проблеми со квадрицепсот, иако тимските лекари му дадоа дозвола да игра, односите помеѓу раководството и Ленард не се најдобри, а тој не беше присутен на ниту еден плеј-оф натпревар на тимот од Тексас.
Spurs fans are taking the Kawhi news really well so far. 🙃
📽: Juse Williams | Facebook pic.twitter.com/bP6vM9p9bo
— Ball Don’t Lie (@Balldontlie) June 16, 2018
Спарс се единствениот тим што може да му понуди на Ленард максимален договор од 219 милиони долари за пет години, но се чини каваи е подготвен да се откаже од многу пари и да го напушти тимот, во кој многумина мислеа дека ќе биде до крајот на својата кариера.