28
Италијанскиот министер за транспорт и вицепремиер Матео Салвини предложи закон со кој Италија ќе ја напушти Светската здравствена организација (СЗО), по примерот на американскиот претседател Доналд Трамп.
„Денеска предложив во Домот на пратениците нацрт-закон за повлекување од СЗО, како што тоа го направи Доналд Трамп со Соединетите држави“, напиша Салвини, лидер на екстремно десничарската партија Лига, на социјалните мрежи, според бриселски Политико.
Салвини истакна дека Италија повеќе не треба да биде предмет на „наднационални центри за моќ“, кои, како што рече, соработуваат со мултинационални фармацевтски компании.