По повод Денот на независноста честитка на МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец

од Radmila Tasevska

До сите Македонци каде и да се честитка по повод 8 Септември – Денот на независноста упатија единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ и градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски.

– МАЕИ на сите Македонци каде и да се,  им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Ова е празник кој преставува остварување на идеалите на многу генерации, идеал за кој многумина во вековната борба за самостојна и суверена држава ги жртвувале своите животи, стои во честитката.

Се посакува „нашата историја и култура да продолжат да бидат светилник на единство, сила и напредок”.

Честитка упати и Пали Колефски, градоначалник на општина Пустец, Мала Преспа.  – Во мое и во име на Советот на општината и општинската администрација  нека ни е честит и вековит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија, стои во честитката на Колефски.

Денот на независноста го честиташе и Македонското друштво „Илинден-Тирана“.

Слични содржини