Финансиската полиција ноќеска го заврши претресот во куќите на поранешниот градоначалник на Општина Карпош Стевчо Јакимовски, а потоа тој за распит е префрлен во Кривичниот суд .
Ноќеска екипите на финансиската полиција го напуштиле домот на Јакимовски, а веднаш по нив се упатил и екс градоначалникот кој како што кусо изјавил , со својот адвокат оди на информативен разговор.Се потврди дека по претресот во неговиот дом по налог на финансиската полиција, поранешниот градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски се наоѓа на распит во Кривичниот суд кај судија на претходна постапка.
Како што објави телевизијата 1ТВ, за екс градоначалникот на Карпош се бара притвор поради незаконско спроведување на три тендери за општинските бараки и плоштадот во Жданец, во чии рамки не била активирана банкарска гаранција.
Претходно, Јакимовски изјави дека решението да оди во притвор веќе е напишано.Во изјава за медиумите тој смета дека денешниот претрес во неговиот ден е политички притисок пред претстојниот референдум, а не финасиски малверзации и непочитување на процедури за време на неговиот градоначалнички мандат во општина Карпош.
Тој смета дека немало криминал во неговото владеење и дека како градоначалник потпишувал само одлука за избор на најповолен понудувач и договор со фирмата, која врз основа на тоа оди во банката за да земе банкарска гаранција, и дека тој немал никаква добивка од тоа.