По расправија за имот меѓу тројца браќа, еден од нив пронајден мртов

од desk2

52-годишниот Н.С. од Скопје утринава е пронајден мртов во кругот на поранешен “Земјоделско индустриско комбинат-Скопско поле“, лоциран на локалниот пат за скопско Арачиново. Неговото тело го нашле полициски службеници, откако претходно во полицијата било пријавено дека на истата локација имало расправија помеѓу повеќе луѓе.

Кавгата настанала помеѓу Р.С.(51), Д.С.(23) Ј.С.(24) од една страна и Н.С.(46) и Н.С.(52) од друга страна. Причина за нарушувањето на јавниот ред и мир биле нерасчистени имотно-правни односи помеѓу браќата Р.С. Н.С. и Н.С, велат од полицијата.

Кога полициските службеници пристигнале на местото на настанот, го затекнале Н.С. во бесознание, по што веднаш била повикана Итна медицинска помош, меѓутоа од страна на лекар била констатирана смрт.

По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот ќе биде предадено за обдукција. Останатите учесници се приведени во полициската станица во Гази Баба. Се работи на целосно расчистување на настанот.

Слични содржини