Петрит Сарачини заминува од Министерството за култура заедно со министерот Роберт Алаѓозовски. Тој беше вработен како посебен советник во кабинетот на Алаѓозовски.
Сарачини на својот Фејсбук профил напиша дека му било чест што бил во служба на граѓаните.
„Беше привилегија и чест да се биде во служба на граѓан(к)ите и нашата земја, во значајни времиња на ослободување од авторитарен, насилен, криминален националистички режим и нормализирање на државата. Се надевам дека бевме достојни на предизвикот. Освен на колегите и соработниците, сакам да се заблагодарам од срце на сите што не поддржаа во нашите искрени напори и заложби за подобра, слободна, инклузивна култура, култура од сите, до сите и за сите, како наш заеднички влог во изградба на Македонија како едно општество, еден дом и едно семејство, во кое сите се грижат едни за други и чекорат заедно кон подобра иднина“,напиша Петрит Сарачини на својот Фејсбук профил.