По секое послужување на гостите да се менуваат чаршафите: Угостителите ќе мора да го почитуваат препораките од АХВ

од Берта Китинска
352 прегледи

Во согласност препораките на АХВ секој угостителски објект треба да се придржува до прирачникот за работа со храна.

АХВ побара од сопствениците на угостителски објекти пред најавата дека е можно некои од нив да бидат отворени да спроведат дезинфекција и чистење на опремата и на површините за обработка на храна и да го дезинфицираат целиот објект.

Директорот на оваа инспекциска агенција, Зоран Атанасов, даде забелешка  дека од досегашните надзори што се направени од почетокот на вонредната состојба се однесуваат токму на лошите хигиенски услови – за чување на храната и на површините каде што се обработува, или на немањето сертификати кај вработените за безбедност во ракување со храна, како и за неспроведени санитарни прегледи.

Според прирачникот потребно е:

-Секој работник да се усогласи со мерите за заштита хигиена на рацете, дистанцирање

-Вработените да ја одржуваат дистанцата од 1,5 до 2 мерти како помеѓу себе така и при комуникацја со клиенти

-Секој работник да носи заштита како што е маска, штитови за лице, раквици

-Зачестено чистење на работните површини каде се сервира и послужува храната

– По секое послужување чаршафите и салфетките треба да се сменат и исперат

Целиот прирачник за работа со храна погледнете го ОВДЕ.

Слични содржини