Откако пред две години станала прва дама на Америка, станало јасно дека ни најмалку не се грижи за правилата. Без воопшто срам, Меланија Трамп го прави тоа што го сака, а јавноста зборува за тоа секојдневно, го сакале тоа или не.

За разлика од своите претходнички, Меланија не е родена во САД
Последната прва дама која била родена надвор од границите а САД, била сопругата на Џон Квинси Адамс, Луиза Адамс, родена во далечната 1748-ма година. Сите после неа биле родени во Америка, до доаѓањето на Меланија, која се родила во Словенија, поточно во Севница.

Таа е единствената прва дама родена во комунистичка земја
Кога Меланија била родена, во 1970-та, Словенија била дел од комунистичка Југославија, на чие чело бил Јосип Броз Тито. Многу мал процент од Словенците биле членови на комунистичката партија, а меѓу нив бил и таткото на Меланија Трамп, која пак никогаш не била активна членка на партијата.

Позирала гола за списанија
Меланија позирала гола за насловната страна на британски “GQ” во 2000-та година. Во тоа време била само девојка на Доналд Трамп, кој побарал од уредниците на списанието тие фотографии да ги врамат и да ги пратат во неговата канцеларија. Како што стои на официјалните страни на Белата куќа, Меланија тоа го смета за едно од своите најголеми достигнувања.
Јавно зборувала за сексот со Доналд Трамп
Во Интервју кое пред бракот му го дала на Хауард Стерн, Меланија јавно проговорила за тоа како е да се биде во врска со Доналд Трамп и признала дека имаат интимни односи повеќе од еднаш дневно. Исто така открила дека телефонското интервју со Стерн го правела гола.