По тешка битка со ракот, почина позната поранешна манекенка

од Stefanija Kuzmanovska
291 прегледи

Поранешната манекенка Лиза Марфи почина на 52-годишна возраст, по тешка битка со ракот.

Тажната вест ја соопшти нејзиниот поранешен партнер Џералд Кин, пренесува The Sun.

Џералд ѝ оддаде почит на својата сакана Лиза, која беше во врска со него десет години.

Лиза долго време се бореше со оваа опасна болест додека нејзината состојба не се влошила непосредно пред Божиќ.

„Апсолутно сум уништен од веста“, навел Џералд, додавајќи:

„Таа беше убава жена со која го делев и доброто и лошото. Моите мисли сега се со нејзиното семејство и најблиските“.

Слични содржини